Нашите баби имаа многу ефикасни трикови за готвење пченица, кои гарантираа дека секое зрно ќе биде сварено. Да учиме од нив!
Состојки:
500 грама пченица
400 грама шеќер
400 грама мелени ореви
2 кесички ванилин шеќер
1/2 морско оревче
Подготовка:
Истребете ја пченицата, измијте ја и ставете ја во тенџере. Прелијте ја со вода, па оставете ја да преноќи. Следниот ден зрната измијте ги во неколку води за да се отстрани целата нечистотија и оставете ја пченицата да вари.
Откако ќе зоврие, тргнете ја од оган и оставете ја на ладно и суво место. На масата ставете чаршав, а врз него преклопено ќебе на два дела. Топлата тава со пченицата ставете ја врз ќебето, без да ја исцедите водата и добро завиткајте ја со ќебето.
Можеби е најдобро да го направите ова пред спиење, па да ја оставите пченицата да се „готви“ во ќебето цела ноќ, а кога ќе станете наутро, ќе имате совршено сварени житарки! Секое зрно ќе биде сварено, а нема да има ниту грам од оние белузлави наслаги кои секогаш се појавуваат кога со часови готвите пченица на шпорет.
Процедете ја пченицата, но не плакнете ја! Тоа е една од тајните, пченичниот скроб треба да остане со зрното. Кога ќе ја исцедите, измелете ја во блендер, но не ситно, туку нека биде покрупно мелена. Ова е втората тајна на најдобриот рецепт за славска пченица.
Измешајте ја мелената пченица со шеќер и ореви, додадете две кесички ванилин шеќер и по желба половина ситно мелено морско оревче. Мешањето на пченицата, оревите и шеќерот се прави со раце. Тоа е третата тајна!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.