Солена пита со јајца и млад кромид може да направите со варени јајца доколку ви останале од Велигден.
250 гр пченично брашно
1/2 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
4 јајца (за тестото)
2-3 варени јајца
100 мл масло
200 мл млеко или кисела вода
1 млад кромид, ситно сецкан
Сол
Црн пипер
Подготовка: Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Додадете 4 свежи јајца, масло и млеко или кисела вода. Сè убаво измешајте со миксер или рачна маталка додека не добиете мазно тесто со слична густина како за палачинки. Во посебен сад измешајте ги ситно сечканите варени јајца со сечканиот млад кромид. Зачинете со сол и бибер по вкус. Во тестото додајте го подготвениот фил со јајца и млад кромид и нежно измешајте за рамномерно да се распоредат состојките. Загрејте ја рерната на 180°C. Лесно намачкајте го плехот за печење со путер или масло, па истурете ја смесата. Се пече во загреана рерна околу 30-40 минути или додека питата не добие златно-кафеава кора. Печената пита извадете ја од рерна и оставете ја малку да се излади пред да ја исечете.
5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.