Сладоледот од ванила е класика затоа што е идеален сам, а одличен е и за да го мешате со други вкусови на сладолед, но и со сосови и преливи.
Малкумина знаат дека многу лесно сами можете да подготвите домашен, вкусен сладолед од ванила и тоа за многу брзо време.
Потребни ви се само неколку основни состојки.
Потребни состојки:
- 3 јајца;
- 500 мл млеко;
- 300 гр. шеќер;
- 2 кесички ванилин шеќер;
- Една лажичка екстракт од ванила;
- 200 гр. шлаг;
Начин на подготовка:
Во длабок сад со миксер се матат јајцата и белиот и ванилиниот шеќер додека не се добие пенеста смеса;
Млекото се става во тенџере на рингла да проврие;
Кога ќе зоврие, млекото се трга од оган и во него се даваат изматените јајца;
Смесата се враќа на рингла на средна температура и се вари додека не зоврие со постојано мешање;
Готовата смеса се трга од рингла, се додава екстракт од ванила и се остава да се олади;
По ова се меша шлаг пената според приложените упатства и се додава во претходно подготвената смеса;
Сладоледот се става во замрзнувач, а добро би било по два часа да го извадите и уште еднаш да го изматите со миксер за да добиете кремаст сладолед;
Постапката можете да ја повторите уште еднаш по три часа;
Уживајте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.