Мирисот на проја со праз е еден од омилените оброци, особено за време на големиот велигденски пост. За состојките ви требаат многу малку пари и само неколку минути за да ја направите смесата, а вкусот ќе ве маѓепса уште од првиот залак. На многумина им стана омилен појадок, дури и кога не се пости, а рецептот со години се пренесува од колено на колено.

Состојки:

200 гр бело брашно

200 гр пченкарно брашно

2 китки праз

половина чаша масло

1 кесичка прашок за пециво

2 чаши кисела вода

сол

сусам по желба

Начин на подготовка:

Исечкајте го белиот и зелениот дел од празот, па зелениот оставете го на страна, а белиот пропржете го на малку масло. Потоа измешајте бело и пченкарно брашно, прашок за пециво, масло и кисела вода и посолете по желба. Во смесата додадете го пржениот праз и убаво измешајте. По желба одозгора можете да додадете и сусам.
Добиената смеса истурете ја во плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. После тоа, извадете го и посипете го со зелениот дел од празот. Вратете го во рерна уште десетина минути, додека убаво порумени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.