Тиквичките се здрави и богати со витамините Б и Ц, како и калиум, а тие се и многу вкусни. Може да се подготват на многу начини, но од нив може да се направи и многу вкусен леб, што може да биде одлична замена за обичниот леб.
Ова е рецепт за брза подсготовка леб со тиквички.
Потребни состојки:
2 поголеми тиквички
2 јајца
350 гр. брашно
150 гр. масло
150 гр. фета сирење
1 мала лажичка прашок за пециво
сол и бибер
Начин на подготовка:
Излупете ги и изрендајте ги тиквиците и оставете да отстојат малку, а потоа добро исцедете ги. Ставете ги во сад, а потоа додадете ги останатите состојки. Прво јајцата, а потоа брашното и маслото, фета сирењето и прашокот за пециво.
На крајот, додадете малку сол и бибер и измешајте добро.
Ставете ја смесата во калап за печење леб, а одозгора наросете сусам или ленено семе. Печете на 180 степени, околу 40 минути, додека не добие убава, златна боја.
Оставете го лебот да се олади, а потоа можете да уживате во дегустацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.