Англиската кралица Елизабета не мирува ниту на 96 години. Таа лансираше свој бренд со био производи.
Кралицата лансираше бренд со производи направени на нејзиниот имот во Норфолк. Сите потребни ресурси за производство се од имотот, а меѓу производите во брендот е и кралскиот кечап, пишува магазинот People.
Идеален за појадок или кој било друг дел од денот – е слоганот на овој кечап.
Главната состојка се доматите, но овој кечап содржи и сок од јаболко и разни зачини.
Цената на овој популарен додаток, за шише од 300 милилитри изнесува околу девет долари.
Поранешниот готвач на кралицата, Дарен Мекгрејди, откри дека кралицата обожава хамбургери, но ги јаде без пецива, со вилушка и нож, а наместо кечап користи брусница.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.