Рецепт за колач со нескафе, многу вкусен и сочен десерт којшто сигурно ќе ве воодушеви.

– 4 јајца;
– 7 лажици шеќер;
– 4 лажици џем по избор;
– половина чаша павлака;
– 4 лажици масло;
– 3 ќесички инстант кафе;
– 7 лажици брашно;
– половина ќесичка прашок за печиво;
– 200 милилитри млеко.

1. Изматете ги посебно белките, посебно жолчките. Во жолчките додадете го шеќерот и продолжете со матење. Постепено додавајте џем, павлака, масло и ќесичка инстант кафе. На крај додадете го брашното и изматените белки. Печете на 220 степени Целзиусови околу 20 минути.

2. За тоа време ставете го млекото да се загрее, па во него додадете ја ќесичката инстант кафе. Испечениот колач прелијте го со смесата.

3. Кога добро ќе се излади, премачкајте го колачот со засладен шлаг во којшто сте додале уште една ќесичка инстант кафе и украсете по желба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.