Храната која секојдневно ја консумираме е исклучително важна за менталното и физичкото здравје, но и за нормалното функционирање на организмот.
Допаминот, еден од хормоните на среќа, го зголемува чувството на благосостојба и задоволство. Одредени намирници може да го стимулираат ослободувањето на допамин, па затоа е важно да јадете храна која ќе го зголеми нивото на овој хормон.
Најма Хасан Дајана, лајфстајл коуч, наведува која храна го подобрува расположението и зошто.
Темно чоколадо
Темното чоколадо е богато со антиоксиданти и е исклучително моќно поради својата содржина на фенилетиламин, соединение кое може да го подобри расположението и со тоа да го зголеми нивото на допамин во мозокот. Темното чоколадо може да биде добар меѓуоброк пред тренинг бидејќи го зголемува нивото на енергија.
Риба и јајца
Рибите и јајцата се богати со протеини и се одлични за зголемување на допаминот. Рибата е дополнително богата со омега-3 масни киселини, кои играат голема улога во функцијата на допаминските рецептори.
Дајана советува да додадете храна богата со протеини во вашата исхрана.
„Протеините нѝ помагаат да изградиме мускули и нѝ помагаат побрзо да закрепнеме. Зголемениот внес на протеини е поврзан со подобро расположение“, вели таа.
Јаткасти плодови и семиња
Јаткастите плодови и семињата се извор на здрави масти и други хранливи материи. Тие имаат хранлива вредност и се богати со тирозин, аминокиселина која го гради допаминот.
Авокадо
Авокадото е извор на здрави масти, има антиинфламаторно дејство и помага во контрола на нивото на шеќер во крвта. Исто така, содржи значителни количини на фолати, или витамин Б9, кој му помага на мозокот да произведува допамин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.