Посните солени бобици, кои се прпелкаат во различни смеси, се совршени за послужување во време на слави.

Основата им е иста:

800 гр компири, лажичка сол, лук во прав, мелен црн пипер по вкус, мала кесичка посен мајонез.

Подготовка:

Излупете ги компирите, ставете ги во вода, посолете ги и ставете ги да се варат. Откако ќе се сварат компирите, извадете ги од водата и испасирајте ги. Додадете ги зачините (сол, бибер и кромид во прав) и мајонез.

Смесата поделете ја во 6 садови, во еднакви делови.

Потоа од секој дел формирајте топчиња и тркалајте ги во:

1 тип топчиња: мелени печени кикиритки (ви требаат отприлика 50 гр). Пред да направите топчиња може да ставите малку кикирики и во смесата.

2 тип топчиња: 50 грама магдонос (сув или свеж)

3 тип топчиња: исецкајте ситно неколку маслинки и измешајте ги низ смесата

4 тип на топчиња: 50 гр печен сусам (малку во смесата, а остатокот за тркалање) За пошарени топчиња ставете и малку црн сусам

5 тип на топчиња:  50 грама искршени парченца на фстаци

6 тип на топчиња: околу 30 гр лута црвена пипер (или буковец), малку во смесата и остатокот за тркалање



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.