Посните солени бомбици, кои се прпелкаат во различни смеси, се совршени за послужување во време на слави.
Основата им е иста:
800 гр компири, лажичка сол, лук во прав, мелен црн пипер по вкус, мала кесичка посен мајонез.
Подготовка:
Излупете ги компирите, ставете ги во вода, посолете ги и ставете ги да се варат. Откако ќе се сварат компирите, извадете ги од водата и испасирајте ги. Додадете ги зачините (сол, бибер и кромид во прав) и мајонез.
Смесата поделете ја во 6 садови, во еднакви делови.
Потоа од секој дел формирајте топчиња и тркалајте ги во:
1 тип топчиња: мелени печени кикиритки (ви требаат отприлика 50 гр). Пред да направите топчиња може да ставите малку кикирики и во смесата.
2 тип топчиња: 50 грама магдонос (сув или свеж)
3 тип топчиња: исецкајте ситно неколку маслинки и измешајте ги низ смесата
4 тип на топчиња: 50 гр печен сусам (малку во смесата, а остатокот за тркалање) За пошарени топчиња ставете и малку црн сусам
5 тип на топчиња: 50 грама искршени парченца на фстаци
6 тип на топчиња: околу 30 гр лута црвена пипер (или буковец), малку во смесата и остатокот за тркалање
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.