Земјоделецот Душко Ѓуров од Гевгелија во фејсбук-групата Земјоделие.мк објасни колкави се трошоците за правење на ајвар за оние што мислат дека 400 или 500 денари е превисока цена за тегла од оваа зимница

Еве како изгледаат трошоците за еден ајвар: Пример да зедеме, 50 кила пиперки (цената се движи од 45 до 60 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). 10-15 кила модар патлиџан (цената се движи од 10-20 денари кило, зависи во кој регион сте во државата).

Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пилара или на пазар, цените би биле – пиперката 60-90 денари кило, модриот патлиџан 20-30 денари кило. Што значи вие од самиот старт вложувате од 2500 до 5000 денари (зависи до цените) само за пиперки и модар патлиџан.

Додадете овде уште 500 денари за зејтин и сол.

Дрвата исто така не се бесплатни.

За таа количина ќе направете околу 15-20 тегли ајвар. За да го направете тој ајвар ви се потребни најмалку 2 дена доколку сами го направите. Автоматски тоа како трошок е 3000 денари. Што значи, 6000-8000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар.

Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте ќариле од 2000 до 4000 денари максимално за вашата макотрпна работа 2 дена што сте ја работеле.

Ова ви е детален опис за оние кои говорат дека ајварот бил премногу скап доколку е 500 денари теглата.

Под овој пост се нижеа бројни реакици и се разви жестока дебата во коментари.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.