Со оглед на тоа што се ближи сезоната на слави и празници, добро е да почнеме да внимаваме на исхраната навреме, за да можеме да уживаме во богатата трпеза. Диетата со качамак може да ви помогне да го пронајдете својот баланс, кога станува збор за исхраната.
Основата на качамакот е пченкарно брашно, а со оглед на тоа што не содржи глутен, тој не е само вкусен предлог за појадок, туку и еден од најздравите избори што можеме да ги направиме.
Кои корисни состојки ги содржи пченкарното брашно?
Пченкарното брашно содржи големо количество на хранливи состојки што му се неопходни на нашето тело, како и минерали и витамини А, Е и Б. Покрај тоа, богато е со фосфор, цинк, калиум, магнезиум, манган и селен. Одлично влијае врз перисталтиката на цревата и рамнотежата на бактерии во цревната флора, што значи дека е добро не само за варењето, туку и за имунитетот.
Комплексните јаглехидрати во комбинација со влакната од качамакот долго се варат, па подолг временски период ќе чувствувате ситост, а притоа го стимулираат доброто варење и спречуваат констипација, што е честа последица од брзите диети.
Од друга страна, диетата со качамак која трае 4 дена, ќе му ги обезбеди на вашето тело неопходните витамини и минерали, ќе ги прочисти цревата и ќе го забрза метаболизмот. Исто така, качамакот помага да се снижи нивото на холестерол во крвта.
ПРВ ДЕН
400 г палента
1 краставица
1 домат
1 јаболко
2 л вода
ВТОР ДЕН
Повторете го менито од првиот ден.
ТРЕТ ДЕН
400 г палента
салата од 300 г зелена салата, 200 г свежа зелка, 2 моркова, малку лимонов сок и 1 лажиче маслиново масло
2 л вода
3 шолји зелен чај без шеќер
ЧЕТВРТИ ДЕН
Повторете го менито од третиот ден.
Додека сте на диета со качамак, пијте многу вода и јадете мали порции кога ќе почувствувате глад.
Најдобриот начин на приготвување качамак
За да ви помогне качамакот во слабеењето, мора да го приготвите без млеко, шеќер или путер.
Состојки:
50 г палента
200 мл вода
1/2 лажиче маслиново масло
Приготвување:
Измијте го качамакот со чиста вода. Сипете 200 мл вода во тенџере и посолете многу малку. Оставете ја да зоврие, па додајте го качамакот. Варете го на ниска температура, 15-20 минути. Кога ќе се свари, додајте маслиново масло и промешајте.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.