Побрза или поедноставна торта нема, а колку има божествен вкус и мирис покажува фактот што останува најпопуларна во есенските денови. Овој десерт ќе го изматите за кратко време,а најголемиот дел од работата е рендање на јаболката.

Состојки:

1 јајце
1 чаша брашно
1 кесичка прашок за пециво
2 чаши рендани јаболка
1 шолја гриз
1 чаша шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1/2 чаша масло
1/2 чаша млеко
половина кесичка цимет
шеќер во прав за посипување

Подготовка

Јаболката исчистете ги и изрендајте ги,па додајте шеќер и ванилин шеќер и оставете ги да испуштат сок.

Во сад измешајте ги сувите состојки:брашното,прашокот за пециво,циметот,гризот,шеќерот и ванилиниот шеќер, па постепено додавајте масло,млеко и јајце додека мешате.Добро изматете го.

Обложете го тавчето за печење со хартија за печење, а потоа истурете половина од смесата на дното и протресете ја да се распореди рамномерно.

Потоа наредете го филот со јаболка, па покријте го со преостанатото тесто.

Се пече во рерна загреана на 180 степени додека чепкалка вметната во средината на колачот не излезе сува, најмалку 25 минути.

Кога ќе се излади,посипете со шеќер во прав.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.