Потребни состојки:
  • 300 гр буковки
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 30 гр путер
  • 1 чешне лук
Подготовка:

Измијте ги буковките и потоа со хартиена крпа нежно тапкајте ги за да се апсорбира вишокот на влага. Исечете го тврдото стебло во основата на секоја печурка. Одвоите големи парчиња со големина на залак. Ставете голема тава на средно-силен оган. Кога добро ќе се загрее додадете го маслото. Наредете ги печурките во еден слој. Пржете, без вртење, додека едната страна не стане златно кафеава и крцкава.

Посипете со сол и бибер по вкус и промешајте. Префрлете ги печурките во чинија за сервирање. Без да ја вратите тавата на оган, во топлата тава додадете ги путерот, ситно сечканиот лук и магдоносот, мешајте додека путерот не се растопи и лукот не замириса. Прелијте ги печурките со путерот од лук и послужете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.