За подготовка на овој рецепт ви се потребни едноставни состојки, а овој период од годината е совршен за да уживате во вкусот на овие колачиња.

Потребни состојки:

  • 200g шеќер
  • 150g солен путер
  • 2 јајца
  • 10ml екстракт од ванила
  • 5ml екстракт од бадем
  • 360g сенаменско брашно
  • 5g прашок за печиво
  • 5g црвена прехранбена боја
  • Начин на подготовка:

    • Изматете ги шеќерот и путерот со електричен миксер, додека не станат кремасти.
    • Потоа додајте ги јајцата, екстрактите од ванила и бадем, па матете додека не се соединат целосно.
    • Додајте ги брашното и прашокот за печиво, па мешајте додека не се соединат добро сите состојки.
    • Поделете го тестото на половина: едниот дел нека остане бел, во другиот ставете црвена боја.
    • Секоја половина завиткајте ја во пластична фолија и оставете ја во фрижидер да постои околу 2 часа.
    • Кога ќе биде готова смесата, загрејте ја рерната на 180 степени.
    • Поделете го тестото на 32 парчиња. Секое парче направете го во топка, а потоа во лента од околу 12 сантиметри.
    • Измотајте една црвена една бела лента и формирајте бастунче. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и печете од 8 до 10 минути, или додека не заруменат.
    • Извадете ги од хартијата, нека се изладат и уживајте!


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.