Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје утре го организира традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, и тоа во два термина: од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот.

По тој повод, УКИМ широко ги отвора вратите за своите идни студенти –средношколците, давајќи им можност непосредно да се информираат за областите за кои се заинтересирани, да прошетаат низ кампусите, низ лабораториите и амфитеатрите и да се запознаат со студиските програми, да се запознаат со активностите на наставниот и соработничкиот кадар, со активностите на студентите, можностите за стипендирање и меѓународна размена, кариерните можности и практиканството, како и со многу други прашања и одговори од рамките на студентскиот живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.