Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година.
Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7.422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81,4 проценти се редовни студенти, а 1 379, односно 18,6 проценти вонредни студенти. Од вкупниот број дипломирани, 64,8 проценти се дипломирани студентки.
Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.