Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“ за тековната 2024/2025 година.
По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти.
Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во 10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2024 до јуни 2025г.).
Критериуми за аплицирање
● Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта;
● Средношколци со успех над 4.70;
● Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и останати области; и
● Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен (бруто) финансиски приход во семејството до 800.000 МКД годишно.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација тука.
Апликациите се поднесуваат на Платформата тука.
Осознајте ги импресиите на нашите поранешни и сегашни стипендисти тука.
Покрај редовната стипендија, Фондот обезбедува менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025.
Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“ досега има обезбедено 40 стипендии.
Крајниот рок за испраќање на документите е 25.07.2024 год.
Не ја пропуштајте оваа прилика! Аплицирајте сега и станете дел од нашето семејство на идни лидери!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.