Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во четвртокот, 4 април 2024 година го официјално го отвори првиот Еразмус+ инфо центар во Битола. Овој креативен простор кој се наоѓа во централното градско подрачје на Битола или место како што битолчани го знаат “Кафе чао“, е наменет за сите млади но и генерално сите кои сакааат да се информираат за програмите или мрежите со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Оваа канцеларија ќе биде место за информирање и презентирање на можностите од програмите Еразмус+ и ЕСК, како и сите мрежи со кои управува Националната агенција и навистина ми претставува голема чест и задоволство што го отвораме овој прв Еразмус+ инфо центар во Битола. Се започна од една идеја која подоцна беше ставена во работна програма, па одобрена на седница на Влада на Република Македонија ,а сега дојдовме и до денешното отворање со кое започнува оваа нова приказна. Овој простор ќе служи за дружење, едукација на младите, но и можност да творат и да ги искажат своите идеи. Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија. Сакам да се заблагодарам на сите битолчани, кои одлично не прифатија и ни помогнаа во изминатиов период”- истакна Ѓоргиевски во обраќањето кон присутните.

Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија, истакна на отворањето директорот Марко Ѓоргиевски

На отворањето присуствуваа многу млади лица од регионот, студенти, наставници, професори и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Сите присутни имаа можност да ја проследат изложбата од одбрани дела на младата битолска уметница Јана Танчевска и да уживаат во класична музика за која беа одговорни учениците од музичкото училиште во Битола.

Овој Инфо центар ќе биде безбедно место за младите, за нивните идеи и креативност . Националната агенција за европски образовни програми и мобилност продолжува со континуираната промоција на европските вредности и приоритети за поддршка на стручното образование, на инклузивно општество, на активности кои ја промовираат „зелената агенда“ и одржливост за постигнување на долгорочно одржливи цели, велат од Националната агенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.