Проф. д-р Оливер Бакрески, редовен професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир, денеска е избран за декан на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

На тајното гласање тој добил повеќе гласови од двајцата противкандидати – професорите Никола Минов и Зоран Киткањ.

Бакрески на позицијата декан на Филозофскиот факултет на УКИМ доаѓа на местото на досегашниот декан, проф. д-р Ратко Дуев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.