Веќе неколку недели кружат гласини дека милијардерот Илон Маск, претворил некои од просториите во седиштето на компанијата Твитер во спални.
Би-Би-Си објави фотографии од контроверзните простории, а властите во Сан Франциско веќе почнале истрага за можни прекршувања на правилата на зградата.
Поранешен вработен во Твитер изјавил дека Маск живее во седиштето на компанијата откако ја купил. Минатиот месец Маск ги информираше вработените преку е-пошта дека „сите мора да работат напорно“ за да се постигне успех.
Одделот за градежна инспекција во Сан Франциско потврди дека отворил истрага за случајот. Од друга страна, Маск вели дека градот ги напаѓа компаниите кои обезбедуваат кревети за уморните вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.