Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали комапнии кои пружаа услуги по outsourcing моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни компании за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари.
Извозот на ИКТ услуги од Македонија, само во минатата година се зголеми за 37% и надмина 330 милиони евра. Над 2.000 економски активни компании фигурираат во ИКТ индустријата, генерирајќи близу милијарда евра во приходи, од кои 70% отпаѓаат на трошоци, а остатокот е чист профит. Оваа индустрија, која се покажа дека беше најимуна на Ковид пандемијата и забележа неверојатен раст во тој период, која вработува близу 20.000 е една од оние со најголеми побарувања на стручни лица за вработување, но исто така е индустрија која заради пандемијата го промовира remote working концептот кој останува тренд и по мерките да се работи од дома или од било каде во светот.
Тоа беше повод, за еднодневната конференција со наслов „The Future is Remote: Maceodnia„ која се одржа во Аудиокултура во Скопје, а ја организираше Native Teams-македонски стартап кој ги реши многуте проблеми на дигиталните номади, фриленсери и вработени во outsource компаниите во Македонија, а од од неодамна и глобално ширејќи се молскавично во дури 30 земји во светот. Оваа компанија е создавач на платформата која на фриленсерите и на сите кои работат remote им нуди флексибилни и лесно достапни начини за наплата на интернационални клиенти како и услуга за подигнување на тие средства со нивни бизнис АТМ картички, а нудат и услуги за регулирање на нивниот работен статус во земјата во која престојуваат, притоа работејќи од било каде во светот и за било кој клиент или фриленс.
„Work from home и work from anywhere, односно remote work не се нови пристапи на работа во нашата индустрија. Пандемијата беше само катализатор која ја промена идејата и своето функционирање на работа од канцеларија. До 2027 година се смета дека многу повеќе луѓе ќе работат remote отколку од канцеларии- истакна Никола Бубевски, ко-основач и заменик претстедател на комерцијалниот сектор на Native Teams, личност која ги води сите стратешки проекти на глобално ниво за оваа компанија.
На конференцијата, говореа претставници на неколку македонски компании кои нижат успеси низ светот и се во редот компании од оваа индустрија која е нето извозник, односно повеќе извезува, отколку што увезува со што ја зголемува додадената вредност на македонскиот извоз и го намалува трговскиот дефицит во размената со странство.
Одлична е шансата на еден ваков настан да ги споделиме нашите искуства со другите компании како е да се работи remote и во исто време глобално. Нашата компанија е позната по флексибилноста која им ја дава на вработените да одлучат од каде и како сакаат да работат. Слободата на носење на одлуки на вработените долгорочно се исплати. Оттука, можеби и фактот што сме една од комапниите кои неколку години се наоѓа на листата на најпосакувани компании за работа„ – изјави Ентони Наумоф директор на Cosmic Development. Тој е роден и израснал во Чикаго, САД и е дел од една фантастична приказна на враќање во татковината на неговите родители и стартување на компанија која од мала канцеларија во Скопје пред 11 години, денес има своја глобална мрежа на канцеларии и 100 вработени.
Истражувањата покажуваат дека скоро 60% од вработените во овој сектор сака да го задржи принципот на работа од независни локации, а доколку тоа им биде оневозможено ќе бараат друга работа која тоа го дозволува.
„Work from anywhere“ моделот е тука за да остане, а комапниите кои нема да се прилагодат на концептот, можат да се најдат на маргините во битката за нови таленти.
На конференцијата зборуваше на оваа тема и Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија и директор на Nest Investment. Тој како пасиониран инвеститор и претприемач кој е страствен поддржувач на развојот и експанзијата на македонскиот стартап еко-систем заклучи дека кризите, како претходната со пандемијата или оваа која се најавува и ќе биде економска, само укажуваат колку овој сектор и оваа индустрија се жилави, од аспект на прилагодување. Практично, кризите го поттикнуваат развојот на ИКТ индустријата, зголемувајќи ја потребата од повеќе специјалисти во оваа област.
Технолошката револуција, како и иновативните идеи поддржани од храброста на првите луѓе во ⋮IWCONNECT, се одличен пример како една компанија може да успее оттука и да стане глобално позиционирана приказна. Главните мотори на успехот се истрајноста и примената на јасна стратегија. Присуството и на нашата комапнија во Македонија веќе две децении е само доказ дека може да се успее од оваа точка на светот. Не сме инстант приказна на успех. Туку сме сведоци на сите процеси на дигитална трансформација на регионот, кои носеле многу предизвици. Да се работи во вакво опкружување, не е само работа, туку и многу посветеност на комапнијата и на луѓето околу вас. Оттука и нашиот глобален успех„ – истакна Благој Трајковски, директор на развој во ⋮IWCONNECT , IT консултант и менаџер за интеграциски решенија со лично портфолио од 15 посветени години во овој сектор за компанијата која е глобален пример за тоа, како од Македонија се може поинаку и како се создава нова историја за идните генерации.
Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали компании кои пружаа услуги по outsourcing моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни комапнии за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари.
Предизвици секако има на претек, но она што радува кај оваа индустрија е константниот раст, особено во време на ковид кризата. Имаме и домашни и странски комапнии на наши адреси, што е најзначајно имаме се повеќе tech компании на домашен терен кои работат на развој на напредни технолошки решенија, продукти и софтвери заклучија присутните.
Remote културата значи и независност, но и комуникација со тимовите. Таа донесе добри нешта, како намалување на трошоците и можноста да се биде на услуга во различни часови заради различни временски зони. Таа овозможи и поинаква мерливост на ефикасноста кај вработените преку алатките кои онлајн работата ги овозможува„- изјави Михаил Китановски, меѓународен бизнис тренер кој како бизнис и менаџмент консултант работел со над 700 клиенти, во повеќе од 80 различни индустрии.
И колку да е голем растот на ИКТ индустријата од година во година, простор за создавање на подобри услови во државата за овој тип на компании секогаш ќе има. Сега го преминавме оној прв воведен ниво на развој и мораме да се соочиме со предизвиците кои носат некои сериозни услови во ИТ светот глобално, во кој Македонија веќе сега е дел. Во минатиот период имавме ИТ компании кои развиваа квалитетни производи, но денес меѓу нив имаме глобални лидери во некои домени. Имаме и голем раст на број на стартап комапнии кои развиваат сопствени производи за големите светски пазари. Тоа значи, дека ИКТ секторот денес во нашата земја создава услуги со голема додадена вредност и врвни продукти за глобалниот пазар, беше заклучено на конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.