Градот Амстердам им забрани на своите службеници да користат Телеграм на службените телефони поради потенцијални криминални активности на апликацијата и ризик од шпионажа, изјави портпаролот на општината. Градот ја усвои забраната кон крајот на април, но негови претставници јавно не информираа за тоа.

Портпаролот на градскиот ИТ сектор рече дека Телеграм е „безбедно засолниште за хакери, сајбер криминалци и дилери на дрога“.

Градот е исто така загрижен за можна шпионажа преку апликацијата, иако апликацијата повеќе нема официјални врски со Русија.

Телеграм е основан во Русија, но седиштето е преместено во Дубаи, а компанијата е регистрирана на Девствените Острови.

Како што пренесува НЛ Тајмс, другите општини во Холандија не го забранија Телеграм, и покрај општата загриженост за апликацијата.

Парламентот разговараше за потенцијална забрана претходно оваа година, но тогашниот министер за правда Дилан Јесилгоз рече дека таквиот потег би бил преголемо мешање во слободата на изразување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.