Младинскиот образовен форум (МОФ), денеска во Скопје организира конференција за образованието и младите по повод 25 години од основањето на организацијата.

Преку две панел дискусии, за време на настанот ќе направиме рефлексија за достигнувањата на организацијата и ќе дебатираме за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество. Говорници ќе бидат инспиративни панелисти кои биле или во моментов се дел од МОФ, наведуваат оргаизаторите.

На првиот панел „Иднината на образованието“ како говорници најавени се Мартин Галевски – истражувач во областа на образование, Анастасија Саша Тофоска – тренер по дебата во МОФ, Христина Божиновска Ѓикова – воспитувач во ДУЦОР „Партенија Зоографски“, Александар Николовски претседател на Универзитетско студетнско собрание на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и новинарот Огнен Јанески.

„Улогата на младите во креирање на политики“ е тема на вториот панел каде ќе говорат: Дона Костуранова – директорка во земјата за Фондација за демократија на Вестимнстер, Ана Наумоска – локален координатор во МОФ – Струга, Марија Мирчевска – истражувач, Панде Ефтимов – програмски координатор на програмата Активизам во МОФ и Мариана Ангелова – генерален секретар на Национален младински совет на Македонија.

Со почеток од 20 часот ќе биде организирана роденденска забава со настап на диџеите Бесниот Витез и DDs.

Младински образовен форум е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младиските права и политики. МОФ е основан во 1999 година и на национално ниво е активна во 21 град. Над 100 млади се членови на Генералното Собрание на МОФ, кои се активни во програмски и проектни активности. Во младинските центри на МОФ има повеќе од 2000 членови годишно кои се корисници на активностите во програмите: Дебата, Учиме право, Активизам, Новинарство и Истражување, наведуваат од МОФ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.