Откако Семи Шин на Инстаграм го промовираше профилот на интернет-платформата за возрасни, „Онлифанс“ вчера, нејзиниот татко Чарли Шин го сподели своето несогласување на изборот на девојката што од неодамна е полнолетна.

– Не го одобрувам ова. Но, бидејќи не можам да го спречам тоа, ја повикав да остане елегантна, креативна и да не си го жртвува нејзиниот интегритет, додаде тој, изјави Чарли за „Е!“.

Ѕвездата од „Два и пол мажи“, исто така, рече дека профилот на Семи бил создаден додека биле во куќата на неговата поранешна сопруга Дениз Ричардс.

– Таа сега има 18 години и живее со нејзината мајка. Ова не се случи под мојот покрив, рече Чарли.

Дениз потврди дека Семи сама одлучува за себе.

– Семи има 18 години, а оваа одлука не беше заснована на тоа во чија куќа живее. Сѐ што можам како родител е да ја водам и да ѝ верувам на нејзиното расудување, но таа сама избира што ќе прави, рече Дениз.

Инаку, во февруари, „Бонд девојката“ призна дека односот со ќерка ѝ не е најдобар и Семи во тоа време живеела со Чарли. Но, потоа, Дениз, која ѝ е мајка и на Лола Шин (17) со Чарли, и на Елоиз (10), се пофали за „неверојатниот“ Ден на мајката, со коментар – „Многу ми значи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.