Ресторан во главниот град на Косово постави на својот влез табличка, со која порачува дека им се забранува влезот на државјани од земјите на Европската унија кои не поседуваат косовски визи, објави порталот „Газета експрес“.

Одлуката на сопствениците на ресторанот „Мамас“ доаѓа по завчерашното одбивање од страна на Брисел, на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, да ги укине шенген-визите за граѓаните на Косово.

Протест. Забранет влез за граѓаните од ЕУ без косовски визи, пишува на таблата на влезот од „Мамас“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, ресторанот кој им го забрани влезот на граѓаните од ЕУ, се наоѓа во непосредна близина на најголемиот логистички центар на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.