Гизел Азута (39) која веќе неколку години работи на луксузната јахта на еден милијардер, ги откри пикантните детали од својата работа.

Многумина би рекле дека ова е работа од соништата од патување на егзотични дестинации до „дружење“ со богатите, но не е баш така. Како што објасни Гизел, нејзината работа е добро платена, но често се наоѓа во многу деликатни ситуации.

Гизел признава дека ја прифатила работата бидејќи е љубител на морето и патувањата, па мислела дека ќе ја спои страста за едрење со добро платена работа. Сепак, не очекувала дека милијардерите се толку ексцентрични и дека многу често добива бизарни барања кои мора да ги исполни.

Вработените на суперјахти никогаш не смеат да го користат зборот „не“, се додека барањето не е сексуално или го загрозува здравјето или животот на екипажот. Наша должност е да го исполниме секое барање, без разлика колку е чудно или лудо – објасни таа.

Таа откри и некои од најбизарните барања од нејзините работодавци кои ги добила или лично била присутна во некои неверојатни сцени.

Во една прилика, мултимилионер гостин му предложи на член на екипажот да изврши нужда врз стаклена маса додека тој лежи под неа, а за тоа ќе му плати 10.000 долари – рекла таа.

Друг богаташ имал нешто помалку бизарно барање.

Друг гостин посака една од хостесите постојано да стои во аголот и да го гледа додека вечера. Стоеше во аголот повеќе од два часа додека тој јадеше полека, не ѝ беше дозволено да каже ништо – додала Гизел.

При вработувањето, работниците на суперлуксузните јахти исто така мора да исполнуваат одредени услови.

Се е многу површно и сопствениците на јахти најчесто бараат млади и убави луѓе како услов за работа. Сопствениците на суперјахти бараат екипажот да одговара на нивната јахта, работниците да бидат убави како нивната јахта – изјави Гизел.

Таа моментално има важна улога на суперјахтата на која работи и е задолжена за планирање и организирање на разни настани и забави, грижа за администрацијата и сметките. Според неа, овој вид на работа има свои предности.

Ова е исклучително добро платена работа. Ако исклучам понекогаш многу бизарни барања кои не сакам ни да ги спомнам, предноста е што гледате и посетувате некои неверојатни места. Глетката од палубата или зајдисонцето на отворено море е бесценета. Патувате низ светот и запознавате навистина различни луѓе и култури, престојувате на луксузни места на кои инаку се недостижни. Членовите на екипажот имаат строго дефиниран начин на однесување и справување со шефот, секое зближување е строго забрането, така што се зближувате со другите членови на екипажот кои се во иста ситуација како вас. Практично, екипажот станува ваше семејство – заклучи Гизел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.