Еден вработен го снимил својот отказ во компанијата Твитер, по што направи направи бум откако таа снимка ја објави на социјалните мрежи. Неговото видео го прегледале 1,6 милиони луѓе.
Се работи за Мат Милер, вработен во Твитер, кој снимил видео од последните 35 секунди во канцелариите на компанијата, каде што заедно со своите незадоволни колеги си дале отказ.
Како што велат, за нив е неприфталив ултиматумот на Илон Маск „да работат хардкор или да си заминат“. Многу работници во Твотер ја напуштија компанијата, по таквата порака на новиот сопственик.
Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари. Потоа тој отпушти речиси половина од 8.000 вработени низ цел свет и порача дека немал избор затоа што компанијата губела четири милиони долари на ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.