Хирурзите од болница во Чапарпур, Индија, биле сведоци на несекојдневен случај по операцијата на маж кој побарал лекарска помош поради силните стомачни болки.

Рендгенските снимки откриле дека 55-годишниот маж во себе има предмет, кој се испоставил дека е пластично шише.

Лекарите итно го однеле на операција за да му го спасат животот.

Објавени се и снимки од операцијата која се одржала овој 16 мај, на кои се гледа дека лапароскопскиот хирург Маној Чудари го отвора стомакот на пациентот со скалпел и од него го вади шишето од шампон против првут.

Не е познато колку долго шишето било во неговиот организам.

Се верува дека неименуваниот маж страда од нарушување во исхраната наречено „Пика“, во кое едно лице компулсивно голта непрехранбени производи.

Според последните информации, пациентот е добро и се опоравува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.