Националната установа за управување со Археолошкиот локалитет Стоби – Градско, интензивно работи на реализација на проектот за Конзерваторско – реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објект Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители, информира за МИА директорот Спасе Перовски.

Тој појаснува дека деновиве кустосите интензивно работат на креирање на поставка во Центарот за посетители.

Проектот се реализира со донација од Европската Комисија преку телото за управување и развој на ИПА прекуграничната програма со Република Грција.

Целосниот назив на овој проект е „Еуропос Платино Стоби Европското минато иднина и културни вредности“.

Воедно во тек е проектот за „Реализација на Основниот проект за конзервација на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби“, финансиран од Министерството за култура.

Перовски информира и дека тимот на НУ Стоби ја потврдил идната соработка со Фондацијата Балканско наследство од Стара Загора од Бугарија.

Таа соработка ќе биде во рамките на проектот за конзервација на Теодосијанска палата во Стоби, а рамки на кој ќе се случува обука за конзерватори за архитектонско наследство и ќе подготвува двојазична публикација.

Перовски инфорира дека грантот го доделува Џ.М. Каплан фонд, а целиот проект се реализира со Фондација Балканско наследство од Стара Загора. Отпочнат е во 2022 година, а е предвидено да се резлизира предвидена заклучно со 2025 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.