Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид официјално отворена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“
Изложбата содржи 250 хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел, посетителот, растеретен од читање на долги текстови, да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО после смртта”.
Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани кои ги дообјаснуваат „замрзнатите” моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на ЧЕНТО, како и други „нешта” ја прават истоимената фотомонографија која дополнително беше публикувана, а која го заокружи во целост овој проект за непоколебливата личност со извонредно богата биографија.
Изложбата ја отвори директорката Катерина Велкоска која му се заблагодари на авторот Рубинчо Белчевски и директорот Горан Цветкоски од Завод и Музеј – Прилеп за презентацијата на изложбата потенцира дека меѓуинституционалната соработка е важна за поголема популарност на музејската дејност, му посака понатамошни истражувања и нови изложби.

Ченто од едно време го посети Христо Узунов ,а охриѓани да ги посетат и двајцата – рече  Велкоска.

За време на отворањето на изложбата се разви интересна интеракциска дискусија меѓу присутните гости, односно проф. д-р Павле Митрески зеде збор каде што даде свое мислење за изложбата и за значењето на Методија Андонов ЧЕНТО како историски важна личност и раскажа за средбата помеѓу Кузман Јосифовски Питу и Методија Андонов – Ченто. На дискусијата се приклучија и другите присутни, со што оваа изложба го доби вниманието кое го заслужува, бидејќи ликот и делото на Методија Андонов ЧЕНТО се од огромно значење за државата.

Изложбата може да се посети секој работен ден, односно од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот, а ќе биде достапна за посетители до 30.11.2022 година,во спомен куќата на Христо Узунов кај ресорниот историчар Горан Митрески.

Автор на изложбата и фотомонографијата: Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.