Полицијата во Лесковец објави дека истражувајќи го самоубиството на 38-годишна жена од Велики Трњан кај Лесковац, открила тело на маж забетонирано во столб на куќата.

Телото е дадено обдукција и истрагата е во тек, но медиумите јавуваат дека неофицијално се работи за сопругот на сега починатата жена, за кого се верувало дека е на работа во странство.

Сомневањата се дека таа го убила заедно со својот љубовник пред три години и го забетонирала.

Многу успешно ги излажа семејството и децата дека отишол да работи некаде во странство и дека ќе разговара со него. Откако, се самоубила, љубовникот отишол во полиција и признал се, наведува за Нова.рс извор близок до истрагата.

Телото на 38-годишната жена вчера било пронајдено во помошен објект во дворот од нејзината куќа, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило пред неколку дена.

Наредена е и обдукција на нејзиното тело за да се утврдат причините за смртта, но сомневањата се дека извршила самоубиство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.