Околу 700 угинати лебеди се откриени во природен резерват во Казахстан, каде има и ретки и загрозени видови, соопштија денеска локалните власти.
Од 21 декември до 8 јануари, вкупно 675 мртви лебеди беа откриени на езерото Каракол, природен резерват во близина на Каспиското Море во западен Казахстан, соопшти Министерството за животна средина.
Лебедите угинале од птичји грип и испратени се експерти да се обидат да помогнат, а секој ден се пронаоѓаат десетици мртви птици.
Во минатото, еколошките активисти постојано изразуваа загриженост за еколошките проблеми во таа област во западен Казахстан, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот и водата, како и опустинувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.