Германскиот град Стоках бара нов градоначалник, а иако се работи за позиција која носи плата од 9.000 евра, се уште никој не се пријавил. Во тек е активна потрага и пронаоѓање на соодветни кандидати за градоначалник, а наследникот на актуелниот градоначалник Рајнер Столц треба да биде познат по изборите на 15 октомври.
Всушност, најавата на градоначалникот Столц дека ќе го заврши четвртиот мандат две години пред истекот, предизвика голема бура во Стоках. Магазинот „Феникс“ пренесува дека тој како причина за тоа ги навел здравствените причини.
„Откако двапати ми беше дијагностицирана корона, мојата здравствена состојба веќе не е таква што лесно можам да го одржам темпото што го бара оваа канцеларија. Затоа, по 30 години во Стоках и речиси 50 години во јавна служба, сега е време да размислам за моето здравје пред се“, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.