Српскиот репрезентативец во ММА, Стефан Савиќ е убиен во ноќта меѓу саботата и неделата на улицата „Дунавска“ кога непознато лице со остар предмет го прободело во градите, дознава Телеграф.рс.

Друго момче С.М., се здобило со убодни рани во градниот кош и левата надколеница. Двајцата биле пренесени во Ургентниот центар, но Савиќ им подлегнал на повредите.

Како што дознава „Телеграф“, околу еден часот Брзата помош во Ургентниот центар донела две лица, родени во 2001 и 1992 година, кои се здобиле со убодни рани на улицата „Дунавска“. Тие биле нападнати од две непознати лица, едното ги повредило и двајцата.

Савиќ беше репрезентативец на Србија и освојувач на бронзен медал на Светското првенство во ММА.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.