Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“. Климатолозите имаат нов страв – Голфската струја се намалува и за 100 години ќе стане 20 степени постудено во Европа.

Со проучување на атлантската меридијална превртена циркулација, позната и како систем на Голфската струја, научниците заклучилe дека веќе сме на пат кон драматична промена која негативно ќе влијае на големи делови од светот.

Според истражувањето кое го објави „Гардијан“, колапсот на топлата струја радикално ќе ги промени метеоролошките услови ширум светот, предизвикувајќи климатски хаос. Се предвидува дека температурите во северозападна Европа ќе се намалат за 9 до 27 степени во текот на неколку децении, додека топлината на јужната хемисфера значително ќе се зголеми, менувајќи ги глобалните обрасци на врнежи и нарушувајќи ги амазонските екосистеми.

До денес, нема консензус меѓу научниците за тоа колку сериозни би биле последиците од таквото сценарио и колку брзо да се очекува. Анализирајќи ги промените кои можат да се случат во следните 2000 години, истражувачите дошле до заклучок дека помалку од 100 години можат да го одвојат човештвото од почетокот на колапсот со катастрофални последици.

Коавторот на студијата, климатологот Рене ван Вестен, истакнува дека брзината на промените ги шокирала неговите колеги. Тие стравуваат дека човештвото нема да има време да се прилагоди на промените.

Ние треба многу посериозно да ги сфатиме климатските промени“, вели климатологот .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.