Бадник го најавува најголемиот христијански празник Божик. На овој ден семејството се собира на посна трпеза. Оние кои во текот на годината биле скарани, на Бадник си простуваат и се смируваат.

Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.

Многу обичаи кои се врзани за Бадник се пагански, но црквата подоцна им дала христијанско значење. На овој ден не се оди на гости, и не се позајмуваат пари.

Еве неколку стари народни верувања поврзани со овој голем христијански празник:

  • На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено
  • Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе
  • Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година
  • Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.