Венеција од утре ќе го ограничи бројот на луѓе во туристички групи кои ќе го посетуваат градот на максимум 25 лица, во уште еден обид да го спречи прекумерниот туризам.
Дозволени се исклучоци за деца, студенти и образовни посети.
Локалните власти, исто така, забрануваат употреба на звучници од страна на водачите на групите за „да го заштитат спокојството на локалните жители“ и да обезбедат пешаците слободно да се движат низ градот.
На прекршителите им следуваат казни од 25 до 500 евра.
Мерките требаше да стапат на сила веќе во јуни, но беа одложени за август.
Ограничувањата се однесуваат и на центарот на градот и на островите Мурано, Бурано и Торсело.
Од април до крајот на јули во Венеција беше во функција пилот-проект, според кој посетите на градот без ноќевање во одредени денови беа можни само за однапред платена такса од 5 евра.
По завршувањето на шемата денеска ќе се оценува и евентуално ќе се продолжи.
Резултатите будно ги следат и другите европски градови кои страдаат од прекумерен туризам, како Барселона и Дубровник, кои исто така бараат решение за туризмот во корист на нивните жители, како и на туристите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.