Убавицата со хрватски корени Аниша Иса Калебиќ се омажи за еден од најпосакуваните ергени, брунејскиот принц Абдула Матина.

Веридбата се одржала во ноември минатата година, а раскошната церемонија на венчавката почнала на 7 јануари и ќе трае девет дена.

Аниша се повлече од социјалните мрежи откако се вери со принцот, но сега на Инстаграм се појавија нејзините фотографии на кои позира во елегантно свадбено издание, кроено по нарачка, а користена е традиционална брунејска ткаенина.

Инаку неа и принцот наводно ги зближила љубовта кон спортот, а принцот е долгогодишен пријател на братот на Аниша, Даниел Дино Исо Калебиќ.

На венчавката се очекува да има околу 4.000 гости, меѓи кои и гости од Хрватска,а  се шушка дека на свадбата ќе дојдат и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.