Црниот пантер по кој се трагаше во околината на Апатин, сега наводно е виден кај Фекетиќ кај Суботица, Србија

Жител на Фекетиќ, наводно видел голема дива црна мачка и ја снимил додека работел со трактор на поле, јавуваат белградските медиуми.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се види големо животно налик на црна мачка како брзо трча низ полето.

 

Потрагата по црниот пантер во околината на Апатин траеше неколку дена откако мештаните пријавиле дека го виделе, како и видеото од Бања Јунаковиќ на кое се гледа слично животно. Сепак, ниту пантерот ниту неговите траги не беа пронајдени. Локалните жители се сомневаат дека пантерот пристигнал од Унгарија, каде што надзорните камери снимиле видео од слично животно во Кискунхалас, на југот на таа земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.