Утре, 28 ноември 2022 година почнува Божиќниот пост, а завршува на Божиќ, петок, 6 јануари 2023 година.

Се верува дека Божиќниот пост бил воведен уште во IV век, а целото времетраење од 40 дена го добил во 12 век.

Постот не значи монотона исхрана или гладување, туку урамнотежена исхрана со растителна храна.

Во текот на целиот божиќен пост не се јаде месо, бело месо и јајца. Маслото и виното се дозволени во сите денови освен среда и петок, кои се пости „на вода“.

Риба се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица, дури и ако празникот паѓа во среда или петок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.