Најстарото куче на светот, Пеблс, починало оваа недела на 22-годишна возраст во градот Тејлорс, во државата Cеверна Каролина (САД). Кучето од расата Тој Фокс Териер го доби Гинисовиот рекорд на 17 мај оваа година, кога имаше 22 години и 50 дена. Пеблс е родено на 28 март 2000 година на Лонг Ајленд, во државата Њујорк.
Нејзините сопственици соопштиле дека Пеблс починала од природна смрт и тоа на само пет месеци од неговиот 23. роденден.
Пеблс, најстарото куче на светот, за жал, почина природно и мирно дома, опкружено со своето семејство – објави семејството во соопштението споделено на Инстаграм.
View this post on Instagram
Во објавата се додава дека Пеблс ги поминувала своите денови „уживајќи“ во кантри музиката и дека не била „само уште едно куче“, бидејќи имала „свој начин на постоење и своја личност“.
Пеблс во текот на животот родила 32 кученца и тоа во три различни породувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.