Д-р Јоханес Вимер тврди дека е лоша навика што повеќето луѓе го земаат мобилниот телефон в рака веднаш штом ќе се разбудат.

Притоа, во ваквата постапка се подразбира не само исклучување на алармот, туку и „задолжителна проверка“ на вестите на социјалните мрежи.

Треба веднаш да се ослободиме од оваа навика. Барем една до две минути без мобилен телефон се доволни. Навистина не е многу голема работа, но е неверојатно полезно. По оваа промена ќе почнете поинаку да се будите и оваа ситница ќе ви го промени целиот ден – вели д-р Вимер.

Истражувањето на консултантската компанија „Дилојт“ посочува дека дури 43 отсто од потрошувачите ги проверуваат своите мобилни телефони во рок од пет минути по будењето, а 17 отсто веднаш кога ќе се разбудат.

Со други зборови, за 60 отсто од испитаниците, мобилниот телефон е првото нешто што им паѓа на ум наутро. Ова е еден од показателите за дигиталната зависност на општеството воопшто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.