Летово во земјава се очекува температурите да го надминат повеќегодишниот просек. Како што информира УХМР, надминувањето на температурите може да достигне и до три степени Целзиусови речиси на целата територија, а најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули.
Со голема веројатност се очекува летото оваа година да биде потопло и со просечни врнежи. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, летните температури се очекува да достигнат надпросечни вредности. За територијата на Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до три степени целзиусови речиси на целата територија. Најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули, соопшти УХМР.
Многугодишниот просек (1981 – 2010) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16 степени во планинските предели до 25,3 степени во Гевгелија. Врнежите се во границите од 23,9 милиметри измерени во Штип до 96,7 во Маврово. Многугодишниот просек (1981 – 2010) на температурите на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21,9 степени, 24,2 и 23,9 степени. Многугодишната (1981 – 2010) просечна количина на врнежи во Скопје за овие три месеци е 44 милиметри, 37,6 и 34,4 милиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.