Гулаб обоен розово бил пронајден во тешка состојба како лежи во Централ парк во Њујорк. Како што пренесуваат американските медиуми, тој најверојатно бил дел од некаква забава за откривање на пол на неродено бебе, кои се доста популарни во моментов.

Ветеринарите кои се обиделе да му помогнат претпоставуваат дека за бојата била користена фарба за коса или некоја потешка хемикалија, а од тешкиот мирис неповратно биле влошени неговите респираторни органи. Тие не успеале да му ја стабилизираат ни температурата на телото, по што тој им подлегнал на повредите еден ден потоа.

Ветеринарите потенцираа дека станувало збор за домашна птица, а не гулаб пораснат на улица, која не може да лета брзо за да избега од предатори или да најде храна во дивина, па затоа покажувал и знаци на неухранетост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.