Станува збор за црна лимонада која станува се попопуларен пијалок за детоксикација на организмот. Овој супер пијалок ќе ве спаси од мамурлак, кој веројатно им пречи на повеќето луѓе следниот ден после луда забава. Брзо ќе ви ја врати енергијата, ќе ви ја исчисти главата и ќе го смири стомакот.

Црната лимонада се прави многу лесно.

Состојки:
сок од 2 лимони
1 литар вода
1 мала лажица активен црн јаглен
2 лажици јаворов сируп

Подготовка:
Добро измешајте ги сите состојки и испијте веднаш.

Инаку, активен јаглен им се дава на луѓето откако ќе се отруат од нешто. Тој има способност да ги врзува отровите и побрзо да ги исфрли од телото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.