Властите во Париз ја истражуваат смртта на тригодишното девојче кое било пронајдено во машина за перење во станот на нејзиното семејство, соопштија обвинителите.

Во петокот беше отворена истрага за причините за смртта, откако во четвртокот вечерта беше откриено детето во североисточниот дел на Париз, соопштија од париското обвинителство.

Истрагата ја води специјална единица за заштита на малолетници, јавува Анадолија.

Обвинителството не соопшти повеќе детали и не го потврди известувањето на дневниот весник „Ле Паризиен“ дека таткото на девојчето и уште еден член на семејството го пронашле девојчето живо во машината за перење и дека таа починала во итната помош еден час подоцна, пренесува N1 БиХ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.