Автомобил „голф“, во кој биле 36-годишен Црногорец и неговиот шестгодишен син, излета во реката Морача на местото Криви Мост, по што двајцата загинаа, а нивните мртви тела и возилото беа извлечени од спасувачките екипи, јавуваат црногорските медиуми.

Станува збор за А.Ѓ. (36) и неговиот шестгодишен син К.Ѓ., а несреќата се случила денеска во 13 часот и 20 минути.

Засега не се познати причините поради кои возило слетало во Морача, но постојат индиции дека возачот самоволно го усмерил „голфот“ кон провалијата.

Според изјавите на сведоците, возачот на „голфот“ од правец на Делта најпрвин со својот автомобил полека се качил на тротоарот, а потоа наеднаш нагазил и со полна брзина слетал во Морача.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.