Компанијата „Тесла“ ги зголеми цените, но се чини дека тоа не ја намали побарувачката за нејзините електрични автомобили. И покрај тоа што компанијата се соочува со повисоки трошоци, профитот на Илон Маск – фокусиран на електрични возила – скокна на 3,3 милијарди долари во првите три месеци од оваа година, бидејќи се покажа дека клиентите се подготвени да платат повеќе.

Испораките на компанијата се зголемија за 68%, а ќе беа уште поголеми доколку немаше недостиг во синџирот на снабдување – соопшти „Тесла“.

Нивната фабрика во Шангај неодамна беше насилно затворена поради ограничувањата за Kовид.

Бидејќи фабриката повторно се отвора овој месец, од персоналот ќе биде побарано да спие во фабриката, во обид да се избегнат понатамошни блокади, објави Блумберг.

Иако неодамна беше рестартирано ограниченото производство, ние продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата –  соопшти Тесла, споделувајќи ги кварталните резултати со инвеститорите.

Компанијата во последно време рапидно се шири, отворајќи нови фабрики во Тексас и Германија.

Инаку, империјата на Илон Маск испорача повеќе од 310.000 автомобили во првите три месеци од оваа година, а во конференциска врска тој предвиде дека компанијата ќе произведе 60% повеќе автомобили во текот на годината во споредба со 2021 година.

Интересно е тоа што „Тесла“ не ги рекламира своите производи, туку привлекува внимание, а насловите на медиумите често се однесуваат на контроверзните коментари на најбогатиот човек на светот, кој неодамна доби девет проценти од акциите на „Твитер“, а во исто време се „натпреварува“ да ја купи целата компанија.

Маск, исто така, истакна дека неговата компанија очекува масовно производство на роботи, без волан и педали, до 2024 година. Акциите на „Тесла“ пораснаа за повеќе од 5% во тргувањето по работното време, јавува „Би-Би-Си“, по силните резултати, но некои инвеститори се загрижени дека Маск може да да биде „подалеку“ од неговиот фокус – додека Тесла се шири.

Маск моментално има нето богатство од повеќе од 260 милијарди долари – речиси 100 милијарди долари повеќе од неговиот најблизок ривал, основачот на „Амазон“, Џеф Безос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.