Снегот што од раните утрински часови паѓа на територијата на општина Нова Варош во Србија повторно им донесе големи проблеми на жителите од планинските села.

Некои патишта се целосно непроодни за сообраќај, а механизацијата е веќе испратена на терен.

Интензивните врнежи траат со часови, на Златар од утрово има речиси половина метар нов снег. Засега снабдувањето со електрична енергија е во ред, но големо количество снег останува на далноводите и се стравува дека доколку продолжат врнежите, може да има уште поголем проблем. Полицијата го регулира сообраќајот и ги исклучува оние возачи кои тргнале на оваа делница без соодветна опрема, изјави за РИНА Радосав Васиљевиќ, претседател на општина Нова Варош.

Во текот на ноќта снег падна и на Златибор, а надлежните екипи се на терен и работат на чистење на патиштата, иако зимското одржување е завршено.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.